Одложени и концертите на Каролина и Самарџиќ

Концертот на Каролина Гочева со Македонска филхармонија, кој требаше да се случи вечера, е презакажан за в недела, 17 февруари. Како што информираше „Авалон продукција“, вториот концерт кој беше закажан останува на стариот датум, в сабота, 16 февруари.
Поради трагичниот настан, се одложува и концертот на Жељко Самараџиќ. Наместо на 16 февруари во Вип-арената „Борис Трајковски“, концертот се презакажува за на 23 февруари на истата локација.