Одложена собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2018

Седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се расправа за Предлог-буџетот за 2018 година, е одложена, изјави за МИА претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска.

Таа не прецизираше кои се причините за нејзиното одложување, ниту пак кога ќе биде закажано продолжението на седницата.

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2018 година почна вчера во матичната Комисија за финансирање и буџет. Според Деловникот за работа, расправата требаше да трае 10 работни дена.