Ограбен домот на Кежаровски – грабежот и не личел на грабеж

Домот на новинарот Томислав Кежаровски бил мета на крадци за време на новогодишната прослава. Ова го објви неговата сопруга на нејзиниот Фејсбук профил.

-Двата лаптопа на Томче се земени, мобилен со германскиот број е земен, а другите постарите не се земени. Таблет не, компјутерот на ќерка ми не, погодете сами што барале. Во собата на ќерка ми само претурале, одземени се два часовиници и две ланчиња. Од мене земен е часовник и алка. Грабеж ама и не треба да личи многу на грабеж, нели? – напиша Марина Кежаровски.

Настанот е евидентиран и во билтенот на МВР. Полицијата потврди дека непознат сторител утрово околу четири часот преку балконска врата влегол во куќата на улица „Жорж Бизе“, при што направил претурање по собите и притоа одзел два лаптоп компјутери, два рачни часовника, една нараквица и еден мобилен телефон. Увидна екипа извршила увид на лице место и се работи на расчистување на случајот.