Ограбена црква во Тетово


Околу 2.000 денари се украдени од црквата „Св. Великомеченик Димитрије“ на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Според полицијата, ноќта помеѓу 10 и 11 мај непознати сторители со употреба на сила ја отвориле влезната врата, влегле внатре и ги одзеле парите по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.