Ограбена бензинска пумпа во Скопје

Две непознати лица заканувајќи се со пиштол ноќеска ограбиле бензинска пумпа на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје.

Полицијата соопшти дека околу 2:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, на бензинска пумпа две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво, при што биле одземени пари од дневниот промет.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.