Ограбена бензинска пумпа во Козле

Непознат разбојник ја ограбил бензинската пумпа во скопската населба Козле. Разбојништвото е пријавено денсак, четириесетина минути по полноќ кога арамијата со качулка на главата и пиштол во рацете им се заканил на вработените дека ќе ги убие доколку пружат отпор. Ги зел парите од дневниот промет и побегнал, соопштија од полицијата.