Овчар паднал од карпа и починал

Во петокот, млад овчар, на возраст од 28 години, паднал од карпа и починал, соопшти полицијата.
Во 17.40 часот во Полициската станица за граничен надзор Лабуништа од страна на граѓанин од истото село пријавено е дека има починато лице во место викано Краста во атарот на селото.
По овластување на јавен обвинител, извршен е увид и констатирано е дека се работи за С.Ф(28) од Клење, Република Албанија, кој работел како овчар, а  кој, според првичните сознанија, паднал од карпест дел од висина од триесетина  метри.
Од страна на лекар констатирана е смрт, а јавен обвинител издал наредба за обдукција.