Ова е изгубената ќерка на прицезата Дајана (ВИДЕО)

Откако омилената британска прицеза Дајана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година, зад неа останаа многу тајни кои трагедијата ги фрли во втор план.

Ова во видеото е девојче, едно од нејзините „изгубени“ ќерки, на кое денес ретко кој се сеќава.

Аванти, девојче од Индија, Дајана го „посвои“ при едно од своите многубројни патувања. Дајана ја посети Индија во 1992 година, а Аванти танцуваше за принцезата, облечена во традиционална индиска носија.

Наспроти сите правила на протоколот, Дајана го седнала во скут тригодишното девојче и му рекла: „јас немам ќерка, денес си ти моја ќерка“.


Аванти денес има 28 години и е учителка во основно училиште. Исто така, дава часови по танцување. Таа сега раскажува дека која ја сретнала Дајана немала поим која жена е таа, но и дека се сеќава на нејзината љубезност.

Во тек на годините, тие двете се допишувале. Аванти требало да ја посети Дајана токму во кобната 1997 година.