Објавено видео од мигот на букнување на трагичниот пожар во Грција во кој загинаа 96 лица

Трагичните пожари што избија во областа Атика во Грција зедоа најмалку 96 животи. Сега се појави снимка од која се гледа како избувна пожарот на 23 јули. Снимката ја објави грчкиот дневен весник „Катимерини“.

Се верува дека одговорен за пожарот е локален жител, кој случајно ја предизвикал оваа трагедија.

Се верува дека само сакал да ги запали сувите дрвја и тревата на својот имот. Првиот пламен букна околу 16:41 часот попладне.

Пожарот за брзо време се рашири и беше невозможно да се контрола. Поради силниот ветар, пожарот се прошири кон исток. За кратко време стигна до населбата Неос Вауцас, а потоа до населбата Мати.