Објавени резултати од големата истрага: Трамп нема поврзаност со Русите

Специјалниот обвинител Роберт Милер во петокот го предаде исчекуваниот извештај за својата истрага околу улогата на Русија во претседателските избори во 2016 година и наводниот дослух во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија.

Вечерва беше објавено што стои во истиот извештај.

Според Си-ен-ен, во извештајот стои дека Трамп не бил во дослух со Русите.

Главниот државен правобранител Вилијам Бар објави во писмото на четири страници дека Милер не пронашол врска меѓу кампањата на Трамп и неговите соработници со Русија.

Исто така, Бар објави дека нема доволно докази со кои би го обвиниле претседателот за сметање во истрагата.

„Иако овој извештај не заклучува дека претседателот направил кривично дело, истото не го ни ослободува од одговорност“, се наведува.

Бар додаде дека ќе каже повеќе откако детално ќе се проучи целиот извештај, но дека дел од извештајот ќе мора да остане таен.