Објавена видеоснимка од кобниот лет на двајца параглајдеристи над Будва

Основното државно обвинителство во Котор ја истражува смртта на параглајдеристите Душан Симовиќ од Бjело Поле и туристката од Египет Маријана Микхаил, кои завчера им подлегнаа на повредите на пат кон болницата, откако се здобиле при принудното слетување во Јаз. Инспекторите од которското обвинителство истражуваат како можеле да полетаат од Брајиќи, каде што наводно нема регуларно полетувалиште.

Општината Будва според плановите не предвидувала да се полетува од тоа место. Сепак, некои агенции тврдат дека полетувалиштето на Брајиќи имало нивна дозвола, и дека слетувањето било предвидено во Бечиќи. Симовиќ кобниот ден на тоа место ја повел и туристката од Египет на лет. Тој бил искусен параглајдерист и светски шампион во тој спорт, но и раководител на Центарот за обука за параглајдинг на клубот „Динамо“.

Полетале околу 18 часот, но набрзо ги фатило силно невреме и цели два и пол часа траела драмата во воздухот, пред очите на многубројните посетители на плажата во Бечиќи.

Иако се обиделе да приземјат на планината во близина на Будва, силниот ветер и дождот им пречеле, па продолжиле кон Јаз. Сепак, тешките повреди со кои се здобиле биле кобни за двајцата.

Инаку, вчера беше објавена снимка од други параглајдеристи кои успеале да слетаат безбедно на плажата Јаз.