„Облици и Изблици“, втора самостојна изложба на Ленче Данаиловска

Уметничката Ленче Данаиловска од утре до 5 септември ќе ги изложи своите дела во кафе барот „Ли“, како дел од нејзината втора самостојна изложба „Облици и Изблици“. На изложбата, која ќе биде отворена во 20 часот, ќе бидат поставени дела работени во комбинирана техника.

Првото јавно претставување на Данаиловска беше со наслов „Слики наместо зборови“, што го претставува визуелниот израз, сликата, како колоритна поезија, зборови во боја. Данаиловска е  родена во Скопје, по професија е електротехнички инженер, а со сликање, цртање и вајање се занимава уште од детството.