Обама како Дедо Мраз дели подароци на болни дечиња

САД- Поранешниот претседател на САД, Барак Обама облечен како Дедо Мраз однесе подароци во детската болница во Вашингтон.

– Имав прилика да разговарам со некои од дечињата и нивните семејства. Јас како татко на две ќерки можам да замислам како е да си во таква ситуација, опкружен со лекари, медицински сестри. Но, тие им ја даваат целата грижа на дечињата и тоа е најважно – рече Обама.