Нормализиран сообраќајот на патот Радовиш – Штип по сообраќајката кај Бучим

Од 20:30 часот е нормализиран сообраќајот за сите возила на патниот правец Радовиш – Штип, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Овој патен правец попладнево беше во прекин поради сообраќајна незгода во која две лица загинаа, а 17 беа повредени откако товарно возило со мигранти удрило во ограда од мост.

Од СВР Струмица потврдија дека собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од местото на несреќата.