Нов пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа 14-тиот пораз во АБА лигата откако вечерва на домашен терен загубија од шампионот на ова натпреварување Црвена Звезда со 92:58 (21:18; 19:7; 28:17 и 24:16). За евролигашот од Белград ова беше 14-та победа.

Со исклучок на првиот период, кој заврши со минимална предност на гостите – 21:18, во другите четвртини „црвено-белите“ беа резултатски подобри и постојано ја зголемуваа предноста.

Најефикасен на дуелот беше Огњен Добриќ од Црвена Звезда со 23 поени, додека кај МЗТ Скопје најмногу поени постигна Андреј Маслинко – 15.

Следниот натпревар МЗТ Скопје го игра на гости кај Мега на 30 јануари