Нов напад со бесиплотни летала врз руската воздухопловна база во Сирија


Руската воздухопловна база Хмеимим во северна Сирија денеска била нападната со бесиплотни летала. Се работи за втор ваков напад во рок од два месеци.

Нема информации за штетата која ја претрпеле руските летала во Хмеимим. Во првиот напад, на 7 јануари, беа уништени неколку руски летала со минофрлачки оган, а потоа базата беше нападната со дрвени бесиплотни летала на кои биле закажени експлозивни направи.

Руската воздухопловна поддршка и помогна на армијата на Башар ал Асад да го совлада бунтовничкото движење и да стави голем дел од државата под своја контрола