Нов дизајн за популарните „bag-in-box“ вина на „Тиквеш“

Вината „Тиквешко бело“, „Тиквешко црвено“ и „Тиквешко розе“ од 3 литри во „bag-in-box“ пакување на ВВ „Тиквеш“ добија целосно нов дизајн на амбалажата. Новиот изглед на пакувањето ги следи современите пазарни трендови и одговара на специфичните очекувања на љубителите на вино во земјава и регионот.

Новиот дизајн на амбалажата беше промовиран на годинешната „Галичка свадба“, најпознатата и најатрактивна обичајна манифестација во Македонија, која се одржа изминатиот викенд.

Креативната изведба на редизајнот и промотивни активности се раководат од слоганот на оваа линија вина – „Страст за традицијата“.