Нов асфалт и водовод на улица „Бигла“ на Водно


Општина Центар почна да ја реконструира улица „Бигла“ на Водно. Планирано е да се постави нов водовод, осветлување, асфалт, како и да се реши проблемот со каблите на операторите.

„По  цели 50 години за жителите на улицата ‘Бигла’ на Водно калта, прашината и темниците ќе бидат минато. Улицата нема асфалт, туку некаде импровизирано е поставен бетон, а некаде е покриена со  кал. Вистински куриозитет претставува фактот дека последен пат улицата била уредена при посетата на  Јосип Броз Тито“, велат од Општината. Оттаму најавуваат дека после „Бигла“,нов асфалт и атмосферска канализација ќе се поставуваат на улиците „Караорман“, „Капиштец“ и на „Рилски Конгрес“.