Ново рочиште за нападот врз Села

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

На претходното рочиште во понеделникот, за нападот врз Села и за случувањата во Собранието сведочеа пратеникот Мухамед Зекири и полицајците Абдулфетах Аљими и Игор Јанакиев.

Во овој случај обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.