Новогодишно шоу во МНТ

Македонскиот народен театар ја продолжува традицијата со новогодишни шоуа, а овојпат настанот е насловен „МНТ Супернова 2018, соѕвездие на добрата забава!“. Организаторот кани на една поинаква Нова година со многу смеа, рокенрол и ретро за добро расположение. На иста сцена ќе настапат актерот Сашко Коцев, Бени Шаќири и „Нонстоп“, Биба Додева со својот бенд, Александар Митевски, „Дамир Имери бенд“ и легендарниот радиоводител и диџеј Драган Б. Костиќ.

Цените на влезниците се движат од 1.600 денари до 2.000 денари.