Нови четворица руски спортисти под суспензија поради допинг

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) суспендира уште четворица руски спортисти за позитивни допинг резултати за време на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Во прашање се Александар Третјаков, Елена Никитина, Марија Орлова и Олга Птилчина пришто одземени се златниот медал на Третјаков и бронзениот на Никитина.

По новото тестирање досега се суспендирани десет руски спортисти кои учествуваа во Сочи со таа разлика што претходните казни се однесуваа на натпреварувачи во крос-кантри.

Засега е непознато дали на руските спортисти ќе им биде дозволено да настапат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Одлука за тоа ќе донесе ИОК на 5 декември.