Нови клупи и корпи за отпадоци во Градски парк

Градот Скопје постави нови клупи и корпи за отпадоци во новиот дел на Градскиот парк. Акцијата, како што најавуваат градските власти ќе продолжи и во следниот период, кога нова урбана опрема ќе се поставува на повеќе локации низ градот.

Старите корпи за отпадоци кои беа тргнати од Градскиот парк, локалната самоуправа ги донираше на Клиничкиот центар.