Нови инсерти од Конзулатот: Саудијците палеле документи ден по убиството на Кашоги

Ден по смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги вработени во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул палеле документи, покажуваат најновите објавени инсерти на турската телевизија А Хабер.

Инсертите се од непсоредна близина на Конзулатот и на нив се гледаат три млади лица како палат хартии во корпа за смет.

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави во понеделникот дека оперативец од 15-член тим осомничени за смртта на саудискиот новинар, облекол облека на Кашоги со лажна брада и очила и излегува од Конзулатот на споредна врата, четири часа откако влегол во Конзулатот.