Новиот принц ќе се вика Луис Артур Чарлс

Војводата и војвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт соопштија дека го избрале името Луис Артус Чарлс за најмладиот престолонаследник.

Официјалното име на новороденчето ќе гласи – Неговото височество принц Луис од Кембриџ. Луис е третото дете на Вилијам и Кејт, по Џорџ и Шарлот. Името на митскиот британски крал Артур беше едно од најчесто спомнуваните можни имиња за третото дете на Вилијам и Кејт.