Новиот претседател на Зимбабве под санкции од САД

Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, кој утре ќе положи заклетва, се наоѓа на листата на лица кои се под санкции од САД поради активности во текот на владеењето на соборениот претседател Роберт Мугабе.

Мнангагва ги доби американските санкции поради „поткопување на демократскиот процес”, како и за „насилство и кршење на човековите права на политичките противници”.

Идниот лидер е обвинет за насилно отстранување на противникот за време на претседателските избори во 2008 година во Зимбабве. На списокот за санкции се наоѓаат и Мугабе (93), неговата сопруга Грејс (52) и околу 100 високи функционери, на кои им е забрането да патуваат во САД и им е замрзат имотот.

Мнангагва (75) се подготвува официјално да ја преземе функцијата утре ветувајќи нови работни места по лидерот на Роберт Мугабе, кој 37 владееше со „цврста рака“.

Лојален на Мугабе и своевремено долгогодишен министер за одбрана, Мнангагва, исто така, беше и потпретседател на државата.

Мугабе, кој поднесе оставка откако армијата излезе на улиците и протестите на граѓаните, беше цел на европски и американски санкции од 2002 година поради начинот на кој што владееше со Зимбабве од 1980 година.