Нова фотосесија: Каролина ја промовира убава Македонија

Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин по одморот во Грција и концертите во Битола и во Охрид продожува со професионалните активности. Снима нова фотосесија низ Македонија, а кампањата не ја открива.

На десетина километри од Прилеп на падините под Златоврв се наоѓа манастирот Тресковец. Издигнат високо над карпите во планината дава прекрасна глетка.

Каролина на нејзиниот профил на „инстаграм“ се пофали дека токму ова место го одбрала за нејзината нова фотосесија. Фотографиите се на Лилика Стрезоска.