Нова рунда преговори за името на 19 јануари

Медијаторот Метју Нимиц повторно ќе се сретне со македонскиот и грчкиот претставник за решавање на спорот со името, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Најверојатно средбата ќе се одржи на 19 јануари во Њујорк, дознава Независен весник.

По тригодишен застој, минатиот месец во Брисел се одржаа разговори меѓу посредникот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и на Грција, во обид да се најде решение за прашањето за името на Македонија.

Нимиц по разговорите излезе со став дека прашањето треба да се реши во 2018 година, но оти „нема волшебно решение за ново име што може да се појави од никаде и да го реши прашањето“.