Нова рекреативна зона на Кејот во Карпош


На Кејот на реката Вардар во Карпош, во близина на алпинистичката карпа, поставена е нова фитнес зона со повеќе справи на кои ќе можат да вежбаат и спортистите и граѓаните.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев напомена дека на оваа локација, од алпинистичката карпа до бунарите на реката Вардар, ќе биде изграден и новиот парк кој дополнително ќе го оплемени просторот, со ново зеленило и содржини, како и парк за миленици.

„Целиот комплекс покрај Вардар, во овој дел на Кејот ќе биде исклучително атрактивна рекреативна зона во Карпош, меѓу најдобрите во Скопје, посочи Богоев и ја поздрави општествената одговорност на компанијата „Бимилк“, која е донатор на фитнес зоната.