Нова понуда на Вип – екстра 100 GB интернет

Новата понуда на Vip вклучува неограничена комуникација и промотивен пакет од дополнителни 100 GB интернет кој се активираат еднаш, а може да се користи до крајот на годината, а со тоа има можност за непречено сурфање и по искористувањето на месечниот интернет сообраќај вклучен во тарифен модел. Корисниците ги добиваат доколку изберат еден од новите тарифни модели од Vip Neo тарифното портфолио.

Со комбинација на новите Vip Neo мобилни тарифи со новите Vip Combo Neo фиксни тарифни пакети, корисниците добиваат комплетно решение за својот дом. Vip Combo Neo тарифните пакети овозможуваат телевизија на различни локации со Vip Now, кристално јасна слика со голем број на HD-телевизиски канали и богата филмска содржина, интернет со брзини до 100 Mbps, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон сите национални фиксни мрежи и до 3 мобилни линии со дополнителен попуст на претплатата.

Дополнителните 100 GB мобилен интернет се достапни за сите корисници кои ќе ги изберат тарифните модели Vip Neo M или Vip Neo L и истите ќе може да се користат до крајот на декември 2018 година. Со Vip Neo М корисниците добиваат неограничени разговори и SMS пораки кон сите национални мрежи како и 5 GB интернет со 4G брзина. Vip Neo L содржи неограничени разговори и SMS пораки кон сите национални мрежи, 10 GB интернет со 4G брзина и 50 минути меѓународни разговори.