Нова демократија: „Илинденска Македонија“ се поврзува со создавањето македонска држава што го вклучува Солун

Премиерот Алексис Ципрас телефонски го брифираше претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека со господинот Зоран Заев разговара за името „Илинденска Македонија“, соопштуваат од грчката опозициска партија.

За Нова демократија конкретното име не е прифатливо затоа што било поврзано со создавање на македонска држава и нација што го вклучува и Солун.

– Ова име историски и директно се поврзува со стремежот за создавање „македонска“ нација и држава што го вклучува Солун и се протега до Егејското море. Било какво споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив го потврдува и го зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и да се поставува како тема за дискусија, пишува во соопштението од грчката опозициска партија.