Свадби во Холивуд пред Нова година: Се омажија Меган и Мајли, Хајди Клум се сврши

САД– Поп-ѕвездите Меган Трејнор и Мајли Сајрус кажаа да пред Нова година, а топ-моделот Хајди Клум се сврши.

Трејнор се венча на својот 25-ти роденден, за своето долгогодишно момче, актерот Дарил Сабар, кој го паметиме како момчето од филмовите „Spy Kids“. Парот се венчал во дворот на својата куќа во Лос Анџелес, пред 100 блиски пријатели и членови на семејството, пренесува „People“.

„Ова е почеток на одличен и потполно нов живот“, изјавила пејачката за „People“, после венчавката. „Добив многу повеќе од она што го посакував“, додал младоженецот и заклучил: “Јас сум најсреќниот маж на светот!“

По долгогодишно забавување, во мирна семејна атмосфера си кажале “да” и Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт.

26-годишната пејачка Мајли Сајрус и нејзиниот свршеник, 28-годишниот Лијам Хемсворт, судејќи по се, тајно се венчале по повеќегодишно забавување.

Двајцата венчавката ја прославиле во најтесниот круг на семејството, а тоа го објавил нивниот пријател Конрад Кар во моментот кога се подготвувале за сечење на тортата.

И 16 години помладото момче на Хајди Клум, Том Каулиц, ја запроси на Бадник (католички), а супермоделот ја сподели веста на Твитер и Инстаграм.

Парот се сврши по речиси една година заедно, а врската ја потврдија во јавноста кога 45-годишната Хајди за првпат беше забележана како се бакнува со 29-годишната ѕвезда на рок групата „Токио Хотел“.

Ова е трет брак на Клум, а втор на Каулиц.