Нил Дајмонд откри дека има Паркинсонова болест

САД- Американскиот пејач Нил Дајмонд (76) ја откажа својата австралиско-новозеландска турнеја откако лекарите му дијагностицираа Паркинсонова болест. Дајмонд го планираше почетокот на турнејата за во март годинава, но сега сето тоа е откажано,објави тој на својата интернет страница.

– Со голема жал и разочарување соопштувам дека се повлекувам од турнејат. Ми беше чест да настапувам пред мојата публика изминативе 50 години, истакна музичкиот ветеран, извинувајќи им се на оние кои со нетрпение ги очекувале настапите.

Иако поради болеста нема да може да патува и да настапува, Дајмонд ќе продолжи да пишува, продуцира и снима песни.