Никола Андонов e кандидат на СДСМ за градоначалник на Ново Село

Никола Андонов, познат стопанственик од село Колешино, е кандидат за градоначалник на општина Ново Село од редовите на СДСМ на претстојните локални избори што ќе се одржат на 21 април заедно со претседателските. Одлуката е донесена денеска на средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со општинското раководство и евидентираните кандидати за градоначалник.

Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник на местото Боро Стојчев кој поднесе оставка по изречената затворска казна за обид за шверц на цигари.

Никола Андонов ја извршуваше функцијата градоначалник на Ново Село во периодот од 2005 до 2009 година.