Никогаш повеќе: Џорџ и Амал Клуни пак го покажаа големото срце

САД- Илјадници Америкаци на улиците под паролата „Никогаш повеќе“ протестираа против огнено оружје меѓу учениците, а повод се бројните пукотници во училиштата и минатомесечниот масакр во Паркланд каде 17 деца ги изгубија животите.

Протестите „Маршот за нашите животи“ ги поддржаа и многу славни личности меѓу кои актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, Џенифер Хадсон, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк, Мајли Сајрус и Џастин Бибер.

Освен поддршка на протестите, славните донираа и финасиски средства на организаторите. Во име на своите близнаци, двојката Клуни донираше 500 илјади долари, а исто толку донираа и режисерот Стивен Спилберг и Опра Винфри.