Не почитувал наредба на полицајци, го стартувал возилото и избегал

Триесет и двегодишниот М.М, жител на Струшко Радолишта со патничко моторно возило „голф“ бил запрен од полициски службеници, но не ја почитувал наредбата да излезе од автомобилот, соопшти СВР Охрид.

Настанот, како што појасни портпаролот Стефан Димоски, се случил на 20 декември во 23 часот на регионалниот пат Струга –Дебар, во близина на селото Враништа.

-По издадена наредба да излезе, М.М. го стартувал возилото и избегал, при што повлекол еден полициски службеник. Во тој момент, од друг полициски службеник биле испукани два предупредувачки проектили во воздух, но М.М. не застанал, изјави Димоски.

По преземени мерки, возилото „голф“ било пронајдено во селото Радолишта. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.