Несторовски: Да ја продолжиме позитивната серија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски очекува победа против Финска и продолжување на серијата добри резултати на националниот тим.

Македонија утре против Финска ќе го одигра првито од два контролни натпревара во турски Белек.

„Тренираме максимално, имаме одлични услови за работа во изминатите четири дена. Финска е квалитетна селекција и ја сфаќаме сериозно. Ги анализиравме нивните добри и помалку квалитетни страни и верувам дека со победа ќе ја подобриме одличната атмосфера во нашиот табор. Тоа секако ќе ни биде дополнителен мотив и за дуелот против Азербејџан“, вели Несторовски за веб страната на ФФМ.

Со Азербејџан „црвено-жолтите“ се среќаваат на 27 март исто така во Белек