Несреќа на снимање на новиот филм со Брус Вилис


Пожарникар, татко на четири деца го изгубил животот во пожар во зграда во Харлем, во која режисерот Ед Нортон снима филм.

Пожарот избил во приземјето на зграда во Авенија Сент Николас во четвртокот навечер.

Портпаролот на градоначалникот Бил Де Бласија напишал на Твитер: -Ова беше страшна ноќ, изгубивме пожарникар.

Американските медиуми пренесоа дека пожарот избувнал на снимање на филмот „Бруклин без мајка“ во кој играат Брус Вилис, Вилијем Дефо и Алек Болдвин.