Неофицијални податоци: Бухари е победник на претседателските избори во Нигерија

Портпаролот на кампањата на актуелниот нигериски претседател Мухамаду Бухари тврди, повикувајќи се на неофицијални податоци, дека Бухари победил на претседателските избори кои се одржаа во неделата, а неговите приврзаници веќе подготвуваат прослава.

Нигерискиот министер за енергетика и шеф на кампањата за следење на изборите Банатунде Фашола истакна дека се подготвуваат претседателот да одржи говор.

Тој додаде дека најголемиот ривал на Бухари, Атику Абубакар, би требало на коректен начин да го прифати поразот на изборите.

Фашола нагласи дека Абубакар треба да приложи докази кои ќе ги потврдат неговите обвинувања оти владејачката партија манипулирала со резултатите од изборите.

Според официјалните резултати, кои ги објави нигериската изборна комисија врз основа на податоците добиени од над половина од државата, Бухари води со повеќе од 1,8 милиони гласови.