Нема страв за Хрватите, Модриќ никогаш не изгубил финале

Звучи неверојатно, ама капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ победил во сите 10 финалиња на кои што настапил. Во дресот на Реал Мадрид, четири пати ја освоил Лигата на шампионите (2014, 2016, 2017 и 2018), еден Куп на кралот (2014), три европски Суперкупови (2014, 2016, 2017) и три светски клупски првенства (2014, 2017 и 2017). Интересно, не дал гол на ниту едно од тие финалиња. Тој изјави дека би ги сменил сите досегашни титули за победа во денешниот меч против Франција, кој започнува во 17 часот. За утре е најавен спектакуларен дочек во Загреб, без оглед дали Хрватите ќе се вратат со пехарот или како вицешампиони.