Неизлечена настинка предизвикува бронхит

Бронхитис е најчестата компликација на настинката и на грипот. Иако е најчесто бактериска болест, кога силните вирусу же се спуштат во слузокожата на бронхиите, оваа болест може да биде и вирусна. Ако температурата и кашлицата не се излечат за две недели, неопходно е да се направат лабораторски анализи или спирометрија, за да не дојде до серизни компликации и воспаление на белите дробови.

Симптомите на ова акутно заболување на дишните патишта обично траат 7-14 денови. Вообичаено, бронхитисот се манифестира со кашлица, искашлување и благо зголемена температура.

Доколку некој добие респираторна инфекција четири до пет пати во годината, тоа е сосем вообичаено и не се смета за опасно. Но, ако пациентот со денови чувствува болка и има температура поголема од 38 целзиусови степени, потребни се подетални испитувања.

Главната компликација е пневмонија, која сепак не настанува често.

Зголемен ризик да заболат имаат пушачите, но и децата, кои поради градбата на своите бронхии се помалку отпорни.