На 90 години: Џина Лолобриџија доби ѕвезда во Холивуд

САД-Италијанската филмска икона Џина Лолобриџида доби ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните во својата 90-та година.

– Поминаа 50 години од мојот последен филм во Холивуд, а луѓето ме поздравуваат како тоа да беше пред само пет минути. Возбудена сум, изјави славната актерка.

Од педесеттите години на минатиот век Лолобриџида сними повеќе од 60 филмови, а меѓу најпознатите се „Трапез“ и „Ѕвонарот на црквата Нотрдам“.