На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска

Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април.

Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.

Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се поранешениот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници и други.