На местото на Ќосето ќе биде засадено дрво на човековите права

На местото на споменикот од Андон Ќосето ќе биде засадено гинко – дрво на човековите права, информираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

– На дрвото ќе се постави плочка на која ќе биде изгравиран членот 10 од декларацијата за човекови права – рече тој и додаде дека споменикот на Ќосето, кој беше отстранет доцна синоќа, се наоѓа во склад на МЗТ и донаторот во рок од 30 дена ќе има право да си го земе.

Постаментот од тој споменик ќе биде урнат. Тој не открива дали има уште споменици дивоградби, спцијална комисија работи на увидот.