На доручек кај Тифани во Њујорк

САД- Од завчера, луксузен доручек кај Тифани не е филмска фантазија. Славната јувелирница во Њујорк отвори ресторан, насловен по славниот класик од 1961 година  “Доручек кај Тифани“ со Одри Хепберн во главната улога. Ресторанот, лоциран на Петата авенија на Менхетен, на менито вклучува доручек кој се состои од тост со авокадо, кроасани со путер и разни сендвичи кои можат да се послужат со кафе или со чај. Цената по оброк се движи од 29 до 49 долари.