Најчести причини за болести на срцето – препознајте ги и заштитете се


Срцевите болести се најмасовниот „убиец“ на населението. Зимата и ладното време го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларните болести, кои се вистинска епидемија на денешново време. На светско ниво, околу 17 милиони пациенти годишно умираат од кардиоваскуларни болести. Во Европа, бројката е околу 6 милиони починати пациенти за една година.

Кардиоваскуларни болести се последици од нездравиот начин на живот – пред се, неумереност во исхраната и пиењето, слабата физичка активност и високото ниво на стрес. Високата смртност и високата инвалидност од нив се сериозен општествен проблем.

Се очекува дека до 2030 година, 23,6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања.  Проценките се дека најмалку 80 отсто од сите срцеви болести може да се спречат со редовна посета на избраниот лекар

Ова се петте најчести болести на срцето:

1.Инфаркт на миокардот – настанува како последица на затнати коронарни артерии. Последица се на недостаток на телесна активност, зголемен внес на сол, масти и шеќери, исхрана сиромашна со омега 3, зависност од пушење и алкохол, како и стрес.

Физичката активност ги јакне другите органи, но и срцевиот мускул, го регулира и смалува крвиот притисок, и го јакне целиот организам. Солта го зголемува притисокот, шеќерот може да се складира во облик на масти, кои се таложат на крвите садови и ги прават се понепроодни.

Совет: престанете да пуштите, алкохолот ограничете го на една чаша црно вино за време на ручек, исфрлете ги од исхраната белото брашно, мастите од животинско потекло, вклучете во секојдневниот живот вежби како аеробик, трчање или брзо одење.

2.Абнормалност на срцевите залистоци или нивно оштетување – предизвикува шумови на срце, и тоа неколку видови. Оштетените залистоци се лечат со хируршка интервенција, при што пациентот добива совети и за режимот на исхрана и за начинот на живот по операцијата.

3. Ангина пекторис – настанува со затнување на коронарните артерии предивикани од артириосклероза, порад недостаток на кислород, нарушување на срцевиот ритам… Се карактеризира со непријатно чувство на градната коска, до остра, неподнослива болка. Обично се појавува по поголем напор. Превенцијата се состои во правилна исхрана, физичка активност, во краен случај и лекови, регулирање на мастите.

4. Аритмии – настануваат и кај целосно здраво срце. Предизвикани се од психички причини, болест или лекови, и најчесто се јавуваат за време на спиење. Нормална тахикардија се случува при зголемен физички напор, возбуда, стрес или зголемена телесна температура.

5.Вродени аномалии на срцето – најчесто се лечат по хируршки пат. Ако се помали, може да се живее со нив. Не може да се делува врз нив со правилна исхрана, ниту пак можат во целост да се излекуваат со лекови. Најчесто настануваат во првото тримесечие на бременоста, доколку мајката има некоја инфекција која влијае врз создавање аномалии на срцето на плодот.

Докторите препорачуваат особено да се внимава на ризик факторите за да се намали шансата за компликации од кардиоваскуларни заболувања. Прв на листата е високиот крвен притисок, и тоа во 12,8 отсто случаи. Следуваат цигарите кои се ризик фактор во 12,3 отсто, алкохолот во 10 отсто, зголемувањето на холестеролот на крвта со 8,7 отсто случаи. Тука се и генетската предиспозиција, како и недоволната физичка активност.