Најубавите македонски спортистки на календарот на Пелистерка за 2018

 

По деветти пат, домашната компанија за вода и безалкохолни пијалаци, со 64 годишна историја и традиција, го презентира календарот кој на провокативен начин ги истакнува бенефитите на водата и ја слави убавината на жената. 12 убави спортистки од најразлични спортови и со исклучителни резултати, кои сме навикнати да ги гледаме во спортско издание, на календарот се исто така, во спортски елемент, но совршено ја отсликуваат елеганцијата и убавината на спортот.

„Идејата на календарот годинава е да покажеме дека имаме македонски жени спортистки кои што се силни, истрајни, храбри, убави и најдобри во тоа што го прават. Затоа и мотото годинава е Пелистерка, вода за најдобри “, изјави денес на промовирањето на календарот во Скопје, Тања Панделеска, маркетинг директорка на Пелистерка.

На календарот за 2018 година свое место најдоа: Берна Шерифовска – џудистка, Наташа Андонова – фудбалерка, Едина Муса – кошаркарка и боди фитнес, Дрита Ислами – атлетичарка, Леана Таки – триатлонка, Милјана Ристиќ – маратонка, Елена Чуркоска – кајакарка, Катерина Николовска – велосипедистка, Стефани Тодорова – кик боксерка, Ивана Јанкова – одбојкарка, Марија Божиновска – фитнес билдерка, Нина Ѓорѓевиќ – каратистка.

Екипата која што се потпишува зад календарот и оваа година покрај тимот на Пелистерка е:  Фотографија Ани и Дими, стајлинг Јована Зука, мејк ап артист Зоран Шурбевски, Анита Гај  графички дизајнер и Света Богова Јовановска проект менаџер.

Изминативе години, на календарот се појавија дел од најголемите македонски и регионални ѕвезди како што се Северина, Елена Ристеска, Каролина Гочева, Тамара, Аделина Тахири, Марјана Станојковска, Викторија Лоба… (Л.С.)