Ѓердан со најголемиот бел дијамант продаден за рекордни 34 милиони долари

ШВАЈЦАРИЈА- На аукција во Женева, Швајцарија, ѓерданот со најголемиот лебдечки бел дијамант на светот, под име “Уметноста на Грисогоно“ се продаде за рекордни 34 милиони долари. Дијамантот, откопан во Ангола, Африка, од едната страна е украсен со дијаманти , а од другата страна со смарагди. Купувачот сакал да остане анонимен.