Најпопуларен бренд на светот : Вирџил Аблох ги надмина „Шанел“ и „Гучи“

САД- По само шест години од лансирањето на сопствениот бренд, дизајнерските парчиња на Вирџил Аблох (38) станаа најпопуларни и ги надминаа модните куќи како „Шанел“, „Гучи“ и „Баленсијага“.

Кога во 2012 година го формираше брендот за луксузна улична мода „Off-White“, никој не очекуваше дека Вирџил ќе направи револуција на модната сцена. Прво, глобалната платформа за пребарување „ Lyst“ го промовира во најпопуларен бренд, кој за една година, за 33 места се искачи на самиот врв, потиснувајчи ги брендовите како „Шанел“, “Гучи“ и „Баленсијага“.

Аблох се истакна со колекцијата посветена на принцезата Дајана, а годинава го дизајнираше и фустанот со здолниште од тул за тенисерката Серена Вилијамс во кој настапи на Отвореното првенство на САД. За неговата модна ревија на Неделата на висока мода во Париз, најмногу се зборуваше, а ја носеа манекенките Бела Хадид и Кендал Џенер. Неговата облека ја носат и Ким Кардашијан, Ријана и Наоми Кембел. Позицијата на креативен директор на машката мода во „Луј Витон“ му донесе дополнителна популарност како и соработката со „Најк“ и „Икеа“, „Џими Чу“, „Тимберленд“.

Британскиот моден совет, „Off-White“, го номинира и за бренд на годината што е едно од најголемите признанија на доделувањето на „Фешн авордс“.

Аблох, женет и татко на две деца, е роден во Чикаго, од доселеници од Гана. Завршил постдипломски студии по архитектура на Институтот за технологија во Илиноис. Веднаш по студиите се приклучува на креативниот тим на раперот Кање Вест. Аблох истоверемено е и интернационален диџеј, со сетови во Њујорк, Мајами и Јужна Кореја, а годинава настапи и на „Лолапалуза“.