Најпознатите модни парчиња на Џани Версаче на аукција

САД- Најпознатите модни парчиња на Џани Версаче ќе бидат понудени на аукција на 21 септември.  Станува збор за 350 модни парчиња од машката и женската колекција , меѓу нив и модели кои на ревиите во Милано ги носеле и Наоми Кембел и Клаудија Шифер.

Колекцијата  „Генијалноста на Џани Версаче: Колекција на неговите најпознати парчиња од 90-тите“ ги вклучува и златниот кожен фустан од колекцијата есен-зима 1994 година, како и неколку свилени кошули за сезоната пролет во 1993 година од колекцијата „Мајами“.

Версаче беше убиен во 1997 година пред домот во Мајами. Стана познат откако го отвори бутикот во Милано во 1978 година и отогаш е препознатливо име на светската модна сцена. По смртта на Џани, која беше шок во модната индустрија, неговата работа ја наследи сестра му Донатела која во империјата „Версаче“ е креативен директор.