Најнова анкета: Британците се премислуваат, сепак би останале во ЕУ

Според најновата анкета на агенцијата за истражување БМГ, околу 51 процент од Британците би останале во Европска Унија, додека за напуштање се изјасниле 41 отсто.

Резултатите покажуваат пресврт во однос на минатогодишното референдумско изјаснување за брегзит.

БМГ наведува дека пресвртот се должи на луѓето кои не гласаа на референдумот, а резултатите покажуваат дека девет од 10 од тие што гласале не го смениле мислењето.

Анкетата е спроведена од 5 до 8 декември, при што се испитани 1.400 граѓани на Велика Британија.

На минатогодишниот референдум 52 отсто од Британците гласаа за излегување од ЕУ, а 48 се изјаснија за останување во Унијата.